kade se sportskite sali01 kade se sportskite sali02
kade se sportskite sali03 kade se sportskite sali04
sportski sali01 sportski sali02
sportski sali03 sportski sali04
sportski sali05

Почитувани,
Повод за овој прес е вчерашната прес конференција на младите од ВМРО-ДПМНЕ, како и ветувањата на градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески во сферата на спортот. Поточно неговите лаги искажани пред 8 години, кога бесрамно им вети на своите сограѓани дека за време на неговиот мандат ќе изгради седум спортски училишни згради и еден затворен олимписки базен.
Се разбира, тогаш ниту еден прилепчанец, а особено оние почитувачи вљубеници на спортот не останаа рамнодушни, без оглед на нивната политичка определеност, зашто барем во спортот важат правилата на фер плеј.
Господинот градоначалник Ристески не знае што е фер плеј, па ги излажа и изманипулира спортистите и сите кои сакаат да спортуваат и да следат спортски натпревари.
Наместо пари за спорт, градоначалникот реши да ни продава магла. Наместо спортски сали реши да гради фонтани, паркови, невкусно изградени детски игралишта кои служат само за ширење популизам и собирање политички поени кај граѓаните кои живеат на работ на егзистенцијата.
Да не заборавиме дека сепак изградена е само една спортска сала во С.О.У.„Ѓорче Петров” во твојот мандат но и таа е со двојно помали димензии од пропишаните, ама треба јавноста да го знае мотивот!
Оваа сала почитувани сограѓани градоначалникот ја изгради, зашто е многу близок со наставникот по спорт и спортски активности, а директорот е негов другар! Градоначалниче те разбираме, знаеме дека ги негуваш роднинските и другарски врски, ама нели ти вети дека ќе се грижиш за сите граѓани, за сите училишта, дека нема да не делиш по партиски, роднински, другарски и недругарски бои, еве да те потсетиме.
Градоначалниче имаш време, ако не ги изгради за 7.5 години, седум спортски објекти и еден олимпсиски базен, можеби еве сега за 5 месеци се ќе изградиш.
Што со останатите училишта -„Добре Јованоски”, „Кочо Рацин” “Кире Гаврилоски” и “Блаже Конески” ? Не е ниту започната градбата на нови спортски сали.
Господа од ДПМНЕ,
На 13-ти Февруари лани ставивте камен темелник на спортската сала во С.О.У. „Ристе Ристески Ричко” и ветивте дека ќе биде готова за 5 месеци. Но, до денес од вашите ветувања остана само челичната конструкција.
Иста е судбината на ветената сала од С.О.У.” Кузман Јосифоски-Питу”, пред која се наоѓаме во моментов. Па сега јавноста ќе види дека овде наместо спортска сала има терен заграден со бетонски плaочи и обрастен со треви и трње!
Дали 800 до 1000 ученици од ова училиште и нивните родители не се жртви на вашата пропаганда и лажење?
Господине градоначалник Марја Ристески, Вашите спортски сали се само Ваша фантазија, лага и измислица. Граѓаните на Прилеп на следните Локални Избори ќе Ви ја испорачаат сметката за Вашите лажни ветувања.
Ви благодарам