Каде е ветеното основно училиште во населба Сточен пазар

Прес на Еленче Ташкоска – член на Совет на Општина Прилеп

 

Почитувани граѓани,

Медиумите на Никола Груевски продолжуваат да шират лаги и да ја кријат вистинста од граѓаните.  Затоа се потребни реформи на медиумите, за вистината да допре до граѓаните.

Вистината целосна ги разобличува лажните ветувања на градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески.

Во населбата Сточен пазар каде што сега се наоѓаме, Ристески вети изградба на ново Основно училиште за децата од оваа населба и населбата Жабино маало, со рок на изградба до 2013 година.

Еве, сега сме 2016 година, ново училиште сеуште нема!

Не успеавме ниту да ја пронајдеме точната локација каде требаше да се изгради новото училиште, затоа што власта не успеа ниту да ја определи истата.

Откако со ребаланс на буџет во 2014 ги избриша средствата за ново училиште во Сточен пазар, Ристески вети преадаптација на старите простории на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во населбата Жабино маало во чиј склоп покрај зграда за основците, требаше да има и нова градинка.

Но, и тоа се покажа како обична манипулација со родителите и децата од овие населби. Ниту таму не се направи ново училиште, ниту нова градинка!

Повторно прашуваме, исто како и за неизградените мостови, дали предвидените средства за изградба на ОУ во Сточен пазар, изминативе години се трошеа на честите патувања на Марјан Ристески во Австралија?

После 11 години власт на Марјан Ристески и потрошени 200 милиони евра народни пари, се уште не е решен ниту проблемот со недостаток на места во градинките.

ВМРО-ДПМНЕ целосно го уназади и го партизираше образовниот процес.

Оттаму, го прашуваме директорот на ОУ „Страшо Пинџур“ во с. Мало Коњари, Зоран Петрески, има ли логика ПОСТОЕЊЕТО на две паралелки во Кадино Село, кога таму има деца едвај за една?

Дали вработувањето на партиската војска е пред интересите на децата и нивните родители?

Затоа се потребни реформи во медиумите, вистината да допре до граѓаните.