Каде е Марјан Ристески?

mileПочитувани,
Власта на Груевски и ВМРО – ДПМНЕ, потроши милионски суми народни пари на промашени роуд шоу екскурзии по целиот свет, а со таквите прошетки воопшто не заостанува ниту градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.
Гросподине Ристески, покрај што во два мандати ја прошетавте скоро цела Европа, дали по втор пат од почетокот на годинава престојувате во Австралија?
Ако е така, прашуваме, со каква цел и во која улога бевте во еден од најдалечните континети и со чии пари ги плативте трошоците за тоа?
Дали во приватно-роднинска, партиско-предизборна, или во службена посета на Австралија?


Дали и од што избегавте градоначалниче Ристески? Дали причината се вашите неуспеси поради кои на вечерашниот митинг не можете да ги погледнете прилепчани во очи ?
Почитувани,
Резултатот од прошетките на Марјан Ристески низ Европа и светот и од потрошените милионски суми за наводна потрага по инвестиори е, еднаков на нула.
По примерот на Никола Груевски со Субрата Рој, и Марјан Ристески се сликаше со најразлични потенцијални инвеститори од Италија, па дури и од Сирија, но, до денес од нив не видовме ниту погон, ниту една нова фабрика.
Послушникот на Груевски, прилепчанецот и министер за странски инвестиции Веле Самак, нема образ да се појави пред своите сограѓани. Не донесе ниту една поголема странска инвестиција во својот роден град.
Ветувањата за трисетина нови фабрики со стотици нови работни места во слободната економска зона Алинци, се покажаа како обични фарси, лаги и манипулации на Груевски и ВМРО – ДПМНЕ.
И не само што градот Херој не доживеа економска ренесанса, напротив и постоечките фирми едвај врзуваат крај со крај, соочени со арачот и казните на власта!
Груевски, ВМРО-ДПМНЕ и Горѓе Иванов, нема што да бараат денес од градот херој, кој по нивна заслуга стана град на безработицата, град на сиромашните и гладните.
Ви благодарам