Ilija Jovanoski presПочитувани сограѓани,

Со огромна чест и задоволство Ве поканувам денес, во 20 часот, да присуствувате на големиот општонароден митинг на коалицијата „Сојуз за иднината“ кој ќе се одржи на ова исто место, на градскиот плоштад Методија Андонов-Ченто.  

Изминатите месеци покажавме дека Прилеп бил и секогаш ќе биде на страната на правдата и вистината. Градот херој над 60 дена беше горд лидер на отпорот против режимот на Груевски.

Вечер повторно ќе потечат реки народ по прилепските улици. Реки горди и одлучни прилепчани, а не „мајмуни“ како што не нарекува Благородна Дулиќ. Прилепчани никогаш повеќе нема да бидат заплашувани и уценувани. Прилепчани никогаш повеќе нема да бидат заложници на ДПМНЕ и на Марјан Ристески.    

Почитувани сограѓани,

Деновиве сме сведоци како одредени локални функционери на ДПМНЕ, исплашени за сопствената судбина, безглаво трчаат од врата до врата на секој прилепски дом. Нудат пари и социјална помош, ветуваат плаќање на сметките за струја и за вода, се закануваат, уценуваат.  

Од тие причини, ја користиме приликава уште еднаш да упатиме апел до градоначалникот во заминување Марјан Ристески и до сите негови соработници, раководители во локалната самоуправа и во јавните претпријатија, чесно и достоинствено да ги одработат последните денови од нивното владеење. Ги предупредуваме дека уцените, притисоците и заканите упатени кон граѓаните претставуваат сериозни нарушувања на изборниот процес. Воедно, ги потсетуваме дека тоа се тешки кривични дела кои повлекуваат ригорозни казни. Впрочем, секој од нас одговара за своите постапки. 

Бидете убедени, ќе се направи ревизија на начинот со кој се финасира скапата кампања на досегашниот градоначалник Ристески. Парите од прилепчани не смеат да се трошат на луксузни постери и флаери за промоција на власта. Впрочем, срамота и гревота е да трошите стотици илјади евра народни пари за реклами и пропаганда, додека истовремено  народот гладува. 

Ви благодарам