Прес на Никола Багески– Член на Советот на Општина Прилеп, од редовите на СДСМ Прилеп

Почитувани,

Излезе уште една вистина на виделина за неодговорното и несовесно работење на коалициската локална власт од ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ристески и неговите директори – пoслушници.

Сашо Николоски, поранешниот директор на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ го оштетил претпријатието за околу 100.000 евра за ненаплатени побарувања вода, што е класична злоупотреба на службена положба и овластување.

Затоа, го повикуваме Основното јавно обвинителство веднаш да покрене соодветна кривична постапка за ваквата злоупотреба на Сашо Николоски.

Јавноста е згрозена од фактот дека некои граѓани биле повластени, не плаќале сметки за вода, додека сите останати морале како знаат и умеат да си го подмират долгот спрема јавното претпријатие.

Извршни решенија за неплатена вода се чувани во фиока и од новинари, познатите локални мегафони на власта, кои секојдневно шират спинови и дезинформации.

За да биде штетата и срамот поголем дури и Општина Прилеп на чело со Ристески должела скоро 1 милион денари за вода, а прилепскиот затвор имал долг од околу 1,9 милиони денари, иако овие институции се финансирани со пари од граѓаните.

На што ги трошеа парите наменети за исплата на долгот за вода, ДПМНЕ и Марјан Ристески во изборна година?

Марјан Ристески и ВМРО-ДПМНЕ немаат образ ниту да излезат пред граѓаните и да соопштат на што се потрошија скоро 10-те милиони евра од КФВ банката, пари што СДСМ ги обезбеди за обнова на водоводната мрежа во градот, затоа што моменталните загуби на водата се движат над 50%.

Тоа значи дека парите ги потрошија, а не ги санираа губитоците на вода во Општина Прилеп. Затоа, криминалната ВМРО-ДПМНЕ лаже кога вели дека го решила овој горлив проблем на прилепчани.

И покрај лажните вести што упорно ги пласира криминалната ВМРО-ДПМНЕ, цената на водата во Прилеп ќе биде пониска во однос на препораките од Регулаторната комисија за зголемување на цената за вода.

Новата локална власт предводена од градоначалникот Јованоски и мнозинството на СДСМ во Советот на Општина Прилеп, работи на долгорочно решение за обезбедување на чиста и редовна вода за пиење во сите делови на градот.

Со почит,

ОО СДСМ Прилеп