Јавното обвинителство да ја преиспита сомнителната продажба на млечниот пазар

Елена Ташкоска – Член на Совет на Општина Прилеп од редовите на ОО СДСМ Прилеп

Почитувани,

Бизнис интересите на ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш биле над интересите на граѓаните.

Класичен пример за тоа е наследената катастрофалната финансиска состојба во ЈКП „Пазари“, што е директна последица на раскрчмувањето и сомнителната распродажба на имотот на претпријатието од страна на поранешната власт, за што вчера информираше актуелниот директор, Кристијан Илиески.

Ги повикуваме Основното јавно обвинителство и финансиската полиција веднаш да ја преиспитаат сомнителната продажба на поранешниот млечен пазар.

На продадената локација од над 1600 м2 што се наоѓа во строгиот центар на Прилеп, ЈКП Пазари имаше свој имот и десетина дуќани, од кои претпријатието остваруваше редовен приход.

Млечниот пазар привично бил продаден на фирмата „КАМ – ФУД“, според кој ЈКП Пазари требало да добие 25% од објектот што требало да се гради на локацијата, а потоа со нов договор бил продаден на фирмата „Тинекс“, од којшто ЈКП „Пазари“ нема инкасирано никакви средства на својата сметка.

Со продажбата, млечниот пазар и дуќаните се турнати. Претпријатието го изгубило овој имот, а за истиот досега нема добиено ниту денар.

Затоа, законитоста на целата постапка со продажбата на млечниот пазар мора да биде темелно разгледана и преиспитана од страна на сите надлежни институции.

И додека поранешниот градоначалник на Општина Прилеп, Марјан Ристески и поранешниот директор на „Пазари“ Пецо Димоски, се фалеа со ваквата распродажбата на јавниот имот, вработените во претпријатието останувале без плата, без надоместоци кои по закон им следуваат, а претпријатието тонело во долгови.

Почитувани,

За расипничко и недомаќинско стопанисување со јавниот имот од страна на поранешната власт, одговорност мора да има.

Заврши криминалното и коруптивно владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Заврши времето кога функционерите на власта беа над законите, а институциите се обидуваа да ги сокриваат и заташкуваат нивните незаконски постапки.

Општина Прилеп и Република Македонија забрзано чекорат по патот на развојот и прогресот, а граѓаните тоа го препознаваат.

 

Со почит,

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп