Изјава

211213Филип Попоски – Портпарол на ОО на СДСМ Прилеп

Почитувани,

Денес сакаме да ја допрецизираме нашата последна изјава, дадена на 13.12.2013, која требаше да гласи:
Г-дине Стевананџија, покрај Вашата пратеничка плата од над 1000 евра, во вашето семејство влегува уште една буџетска плата – онаа на Вашата сопруга стоматолог во детскa амбулантa, а до неодамна буџетска плата добиваше и Вашата сестра, која до Јуни 2013 година работеше во средното медицинско училиште.


За наведениот превид се извинуваме и го повлекуваме делот од претходната изјава, каде наведовме дека Вашата сестра е сеуште вработена, дека Вие сте ја вработиле, и дека добивате трета буџетска плата во Вашето семејство. Сепак, повторно се прашуваме, како немавте доблест, па со вашиот глас да се одделеја по 6.300,00 ден.буџетски пари, од народот, за решавање на маката на прилепските стечајци, како што имавте смелост да гласате за автентично толкување на законот за амнестија на злосторниците од воениот конликт во 2001-ва година, кога многу наши сограѓани загинаа и останаа инвалиди.

Почитувани,

Останува фактот дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ по петти пат гласаа против предлог законот на СДСМ за решавање на проблемот со стечајните работници, а до денес не собраа храброст да се извинат за тоа!
Ви благодарам.