sdsm 3 noemvri 11 

   Почитувани,

Денес ја славиме херојската и несебична жртва, на сите оние кои учествуваав во создавањето на слободен, силен и просперитетен Прилеп, во самостојна и независна Република Македонија !
Наша обврска е, да го чуваме слободарскиот дух на овој град, и затоа ни треба демократски Прилеп. Во иднина треба да го изградиме економскиот просперитет на овој град, град на социјална сигурност и повисок животен стандард, град како сите што го посакуваме. Град на нови работни места и на нови можности, град во кој младите ќе можат да останат да живеат во него, град во кој ќе обезбедат свое работно место, своја кариера и свое семејство.
Почитувани сограѓани, нека ни е честит и за многу години 3-ти Ноември, денот на конечното ослободување на нашиот град.

Ви благодарам