sdsmprilep1Реакција на прес од ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани млади од ВМРО-ДПМНЕ,
Македонскиот народ е мудар, а младите не заслужуваат вакво потценување од Ваша страна. Тие чувствуваат и пред се живеат во оваа партиска Македонија, која ВМРО-ДПМНЕ ја подели и разедини по секој основ. Вашиот избор е: Македонија на вмро-вците, а сите други нека ја напуштат! Впрочем, македонецот има изрека за тоа – „за едни мајка, за други маќеа”.
Тоа е Вашиот избор и Ваше дело – Македонија од која побегнаа над 230 илјади млади, во потрага по работа и егзистенција, во последните 8 години на ВМРО-ДПМНЕ!
Вашиот избор е Прилеп – град со рекордна невработеност, со разочарани и невработени млади. Град кој секој втор млад сака да го напушти, бидејќи со ВМРО-ДПМНЕ, немаат никакви услови и можности за професионална реализација, вработување и формирање на семејство.

Центар за комуникации,
ОО СДСМ Прилеп