ИЗБЕРЕТЕ ИДНИНА, НЕ ДЕСТИНАЦИЈА!

sdsm mladi 01Младите прилепчани во огромен број го напуштаат градот Херој. Градот на младите револуционери, се претвора во град на младите иселеници!
Разочарани и излажани од власта на ВМРО-ДПМНЕ, без услови за вработување и егзистенција, си ги пакуваат куферите и бегаат од Прилеп и Македонија! Денес најмладите и најспособните масовно заминуваат на гурбет во странските земји, исто како печалбарите во некои дамнешни времиња.
Сакајќи да ја скрие сопствената неспособност, ВМРО-ДПМНЕ грчевито манипулира со бројките на иселени млади. Но сепак меѓународните институции даваат застрашувачки податоци:
Над 230 илјади иселени од Македонија, од кои најмногу млади, според ЕУРОСТАТ!

Со 53,7% невработени млади, Македонија е на врвот на светската листа за младинска невработеност, според Меѓународната организација на трудот.
Над 40% од младите својата иднина ја гледаат надвор од државата, според последните истражувања.
Ова ли се делата на ВМРО-ДПМНЕ? Ваков ли е изборот, Македонија без млади и иднина?

Почитувани,
Сонот на младите и високо оброзовани кадри, не е да работат на брод или како келнери во странство! Нивниот сон не е да бидат евтина работна сила на запад, туку да бидат платени инженери, доктори, економисти и правници тука во Прилеп и Македонија!
Идната Влада на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, се обврза да биде партнер на младите во решавањето на нивните проблеми. Отворањето нови работни места и создавањето услови за професионален ангажман на младите, е врвниот приоритет во нашата програмата.
Затоа, на младите прилепчани им порачуваме — изберете СДСМ, изберете иднина, не дестинација!