12 години моќниците од локалната власт предводена од Марјан Ристески се богатат на сметка на осиромашените граѓани на Прилеп.
За градоначалникот Ристески, ревизорскиот извештај со кој се потврдува криминалното и коруптивно трошење на народните пари, бил обичен плагијат.
Градоначалникот треба да знае дека ревизорскиот извештај е доказ во евентуалната кривична постапка, и судот ги прифаќа ваквите документи како докажани факти!

Каков плагијат е фактот што државниот ревизор констатирал дека во сметководствената евиденција ги нема документите за побарувања од 90 милиони денари, пријавени во завршната сметка за 2015 година?
Наместо празни и очајни обвинувања, Марјан Ристески треба да одговори каде исчезнаа документите за побарувања од 90 милиони денари, или за скоро 1.5 милион евра пари од касата на општина Прилеп?
Треба да одговори, зошто дозволил од благајната да се подигаат пари за патни и дневни трошоци, без евиденција кој износ за што се подига, за какви потреби и за кое лице.
Дали тие пари се трошеле за партиски потреби на ВМРО-ДПМНЕ?
Зошто Ристески префрлил 7.5 милиони денари на повеќе здруженија, без да се донесе план и програма за тоа?
На кои граѓански здруженија ги префрлил парите и дали доставиле извештаи до Локалната самоуправа за тоа како ги потрошиле средствата?
Доколку Марјан Ристески не сака да одговори на јавноста, убедени сме дека одговорите ќе треба да ги даде пред надлежните органи. Затоа поднесовме и кривична пријава!
После 15 октомври, доаѓа нова одговорна и отчетна локална власт, којашто ќе ги троши парите за решавање на проблемите на граѓаните.
Завршува времето за лично богатење на грбот на граѓаните!