Интензивно се асфалтираат улици во населбата „Гоце Делчев“

Филип Попоски – Порпарол на ОО СДСМ Прилеп

Почитувани,

Општинската власт предводена од СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски, се целосно фокусирани на развој и уредување на инфраструктурата во Општина Прилеп.

Во изминатиот и тековниот период се одвиваат серија на интензивни градежни активности за подобрување на патната мрежа во општината.

Се наоѓаме во населбата „Гоце Делчев“, каде завршува комплетното асфалтирање на улицата „Петта прилепска бригада“.

За прв пат, после 40-на години, откако е изградена оваа улица, поставен е целосно нов слој асфалт на двете коловозни ленти, на површина од 7.500 метри квадратни, или во должина од 1.5 километар.

Претходно, во истата оваа населба „Гоце Делчев“, беа асфалтирани повеќе краци на улиците „Пчиња“ и „Фрушка гора“ и помеѓу улиците „Истарска“ и „Мечкин камен“

Конечно, после долги години, со активна заложба на локалната власт, Урбаната заедница „Гоце Делчев“ добива нов лик, нова современа патна инфраструктура, со која сите се гордееме.

Во изминативе денови, активно се работеше и во Урбаната заедница „Чачорица“, каде за прв пат беа асфалтирани пет краци од улиците „Александар Македонски“ и „Цане Кузманоски“.

Почитувани,.

Заврши времето кога граѓаните беа уценувани и гледаа нов асфалт на улиците, само пред избори.

За нас, дадениот збор важи.

Градиме по план!

Ветивме дека Прилеп ќе добие нов и современ урбан лик, си стоиме на зборот и секојдневно го реализираме ветеното.

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп