Соопштение за јавност

Почитувани,

СДСМ за разлика од ВМРО-ДПМНЕ се води од  принципот, дека политиката и спортот не одат заедно.

Токму затоа никогаш не сме се мешале во работата на Победа и на ниту еден друг спортски тим од Прилеп, ниту пак некогаш ќе се вмешаме.

СДСМ за разлика од ВМРО-ДПМНЕ не ги дели на ваши и наши, ниту спортистите, ниту  бизнисмените!

Дали поранешниот претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп а сегашен претседател на ФК Победа, Гоце Ингилизов за личен успех ги смета многуте тендери добиени на фирмите блиски на неговото семејство?

Повторно прашуваме, дали кумовската врска со градоначалникот Марјан Ристески, имаше улога во изборот на Ингилизов за Претседател на клубот?

Господине Ингилизов, покажете сериозност во постапките. Ве повикуваме, утре до 10 часот, да побарате исписница од партијата на Никола Груевски. Само така ќе имате барем малку кредибилитет, да стоите на чело на ФК Победа!

Со почит!

ОО СДСМ Прилеп