Им посакуваме успешен откуп на сите тутунари

sugareski press 14112012

Почитувани претставници на медиумите

Утре треба да стартува откупот на тутун за реколтата 2012 год. На сите тутуно-производители им посакуваме успешен откуп. Но поведени од состојбите со откупот на тутун во 2010 год, упатуваме апел до владата да не дозволи да се повторат немилите настани од таа година, да не дозволи да пропадне маката на тутунарите.
Свесни сме дека утре, како и секоја година министерот ќе се слика и ќе остава впечатоци дека откупот ќе помине во најдобар ред, опкружен околу откупните ваги со партиски војници, исто како и во 2010 год, но за жал тогаш бевме сведоци на социјален бунт по улиците.
Поради тоа, наместо Данчо Милески тн претседател на сојузот на тутунски здруженија да штрајкува пред седиштето на СДСМ, треба да ги штити интересите на сите тутуно-производители и да не дозволи партиската книшка на ДПМНЕ да биде основен критериум за повереник.
Поверниците мора да се грижат сите производители на тутун, без разлика на нивната политичка определба, да ја добијат вистинската цена за килограм тутун.
Имајќи ги во предвид, скапотијата и намалениот животен стандард на населението, како одговорна партија навреме укажуваме, владата да не дозволи ниска просечна откупна цена по килограм тутун.
СДСМ како и секогаш ќе стои во одбрана на интересите на сите тутунопроизводители. Тутунарите мора да си ги добијат заслужените пари, спечалени со мака и пот.

Ви благодарам.