Илјада зошто, но ниту едно затоа, од страна на Марјан Ристески – 2

sdsmprilep1Реакција на прес од ДПМНЕ од 22.01.2013


Господо од ДПМНЕ, поддржувачи на режимот,
Господине Марјан Ристески, по незнаеме кој пат, те повикуваме, наместо да се задскриваш зад други лица, да собереш храброст да се појавиш и лично да им објасниш на прилепчани што направи за нив во изминативе 8 години.
Да им објасниш на граѓаните УЗ РИД, зошто потроши над 130 милиони евра на паркови и урбани шминки, кога тие едвај врзуваат крај со крај.
Да им објасниш на граѓаните УЗ РИД, зошто нема ниту сериозна или капитална инвестиција во нивната населба, и каде завршија парите предвидени за тоа?
Да им објасниш на граѓаните УЗ РИД, зошто дупло ги зголеми давачките за вода и ѓубретарина?
Господине Марјан Ристески, да им објасниш на граѓаните УЗ РИД, зошто со нивни пари го прошета цел свет, а не донесе ниту едно евро странска инвестиција и не создаде услови за ниту едно ново работно место.
Господине Марјан Ристески, да им објасниш на граѓаните УЗ РИД, зошто додека тие немаат ниту за храна, ти купуваш нов џип, носиш кошули од 300 евра и си ги вработи сите членови на потесното семејство.
Да им објасниш, зошто се криеш од членовите на ДПМНЕ, кои изневерени и излажани за вработување, секој ден те бараат во општинската зграда и штабот на ДПМНЕ.
Да им објасниш, за твојата пријателка и претседател на Совет- Гордана Мицеска, која зема две плати, и за лажниот патриот Димитар Стевананџија, кој си го згрижи потесното семејство и си ја вработи сестрата како професорка.
Да им објасниш, зошто ги остави младите без иднина во Прилеп?
Во 8 години, илјада зошто, но ниту едно затоа, од страна на Марјан Ристески!

СДСМ Прилеп
22.01.2013