Илија Јованоски – Носител на советничка листа

Ilija Jovanoski NositelМедиуми: Кој ќе биде носител на листа и ако може да ни се претстави официјално?

Јованоски: Јас сум Јованоски Илија, претседател на ОО СДСМ — Прилеп. Јас ќе бидам носител на листата на Социал Демократскиот Сојуз заедно со коалицијата. Мислам дека довербата што ми ја даде партијата и нашето членство, со задоволство ја примив и убеден сум дека заедно со коалицијата ќе бидеме победничка коалиција, заедно со идниот градоначалник на Прилеп — Хари Локвенец.
Мислам дека ќе направиме нови стандарди, и нови критериуми во советот на Општина Прилеп, и за работата на локалната самоуправа. Ќе ги спроведиме сите проекти што се во нашата програма, заедно со граѓаните и за граѓаните на Општина Прилеп.

 

Sovetnicka grupa