Илија Јованоски: ГОРД СУМ НА ПРИЛЕПЧАНИ

ilija jovanoski sdsm prilep gord sum na prilepcaniВечерва сум горд. Горд сум на членовите на социјалдемоктратскиот сојуз, горд сум на симпатизетите на социјалдемоктратскиот сојуз, горд сум на прилепчани и горд сум на граѓаните од Прилеп кои што излегоја вечерва и денови наназад, да го подржат овој наш протест, овој наш отпор против ненародниот режим што се случува во Р.Македонија.
Ќе се избориме за демократијата во Р.Македонија. Од овој момент па натаму, демократија во Р.Македонија мора да има. Затоа нема да запреме тука и нема да запреме сега. Ќе одиме до крај! До оној момент додека не завладеат законите во Р. Македонија, не завладее правото во Р. Македонија и не завладее демократијата во Р. Македонија.
За крај, сакам на прилепчани и на сите граѓани на Р.Македонија да им ја честитам новата 2013 година и божиќните празници, да им посакам пред се добро здравје, радост и бериќет во новата 2013 година.
Ви благодарам