И најблиските соработници креваат раце од Груевски

sdsmprilep1Одговор на писмена реакција од ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,
Груевски наместо да се крие зад партиските соопштенија, треба да излезе и конечно да се изјасни за аферата поврзана со корупција и провизија од 25 милиони евра за изградба на автопатите, изнесена со аудио доказите објавени од СДСМ.
Од снимените разговори, граѓаните слушнаа и разбраа со какви бескрупулозни методи и законски злоупотреби, Груевски и ДПМНЕ ги добивале последните изборни циклуси. Манипулациите со изборниот материјал, лични карти со лажни адреси за гласачи Македонци од Албанија, исклучување на лифтови на изборен ден, закани и затворање на бизниси и стопанственици, се само дел од прашањата за кои дополнително ќе биде понесена одговорност.
Конечно, после сите корупциски и криминални скандали и афери, на граѓаните на Прилеп им е недвосмислено јасно, зошто и најблиските соработници на Груевски, креваат раце од него и не се појавуваат во негова близина.
После Април 2016, СДСМ започнува со процесот на суштинско и долгорочно решавање на економските, инфраструктурните и социјалните проблеми на граѓаните во Прилеп и Република Македонија.