sdsmprilep1Реакција на активност од ДПМНЕ-Прилеп, од 03.02.2013 
Почитувани граѓани на Општина Прилеп, 
Од вчера е јасно, и Никола Груевски кренал раце од победа во Прилеп! Тоа се потврди со неговото недоаѓање на вчерашната промоција на Марјан Ристески за градоначалник на Прилеп. Ниту првиот човек на режимот, повеќе не верува во победата на идните избори. 
Кавгите и расправиите околу составот на советничката листа, во прилепското ДПМНЕ се толку зовриени, што и Груевски побегна од тоа, а во последен момент се откажа и вчерашното јавно презентирање на луѓето кандидати за советници. 
И самиот Миле Јанакиевски, кој напразно повика на поддршка за листата, е свесен дека ниту граѓаните, ниту членовите на ДПМНЕ нема да поддржат листа со слепи послушници на Марјан Ристески и Димитар Стевананџија, и со пребеглици од други партии, како што е бившиот член на СДСМ, Пеце Ристески-Пеката. 
Фактот што вчера, на промоцијата присуствуваа само партиски членови на ДПМНЕ и вработени во администрација- кои со притисок и уцени беа довлечкани во салата, кажува за минималната поддршка на Марјан Ристески меѓу неопределените и политички неутрелни прилепчани. 
Празниот говор на Марјан Ристески за парковите и фонтаните во Прилеп, е класичен доказ за неговата безидејност. Фактот што не изнесе, ниту еден проект за намалување на невработеноста од над 40% во градот, ниту еден проект за подобрување на економијата, без идеи за нови работни места и задржување на младите, е доказ за немањето визија за иднината на Прилеп, ниту пак решенија за проблемите.
Затоа граѓаните на Општина Прилеп, на следните избори ќе гласаат за Хари Локвенец. Успешен и докажан човек! Проверен човек, со конкретни идеи и проекти! Човек кој ќе го гасифицира Прилеп, а со тоа ќе ги намали трошоците на граѓаните и на економските субјекти. Ќе инвестира во младинските идеи, како проектот за пренамена на месните домови во младински центри. Како проектот за 50 милиони евра странски инвестиции, за 500 акумулации и 5,000 нови работни места. Прилеп ќе гласа за Хари Локвенец-човек за чиста петка!

Со почит,

СДСМ Прилеп