Хуманитарната акција – доделување на училишен прибор на социјално загрозени семејства

Трета година по ред во организација на Комисијата за образование при ОО СДСМ Прилеп се организира и спроведудва Хуманитарната акција со доделување на училишни ранци и прибор за деца од социјално загрoзени семејства.

Како и претходните години и годинава, триесетина деца од општина Прилеп ќе добијат ранец со училишен прибор за успешен почеток на новата учебна година. Акцијата е потпомогната од членството на ОО СДСМ Прилеп со цел да им се излезе во пресрет и малку од малку да им се олесни и така тешката финансиска состојба на родителите и децата од овие семејства. Во изминативе години бевме директни сведоци на осиромашувањето на народот од страна на дпмне . Се иселија многу млади семејства, настана материјално пустошење, остана огромна невработеност. Најодговорен за лошата финансиска ситуација во која се наоѓаат голем дел од семејставта во Прилеп, е Марјан Ристески. Истовремено, со денешно присуство, тука, го изразуваме и нашиот револт пред почетокот на учебната година како воспитно-образовни кадри кои што до ден денес немаа право да се вработат затоа што не ги исполнуваа партиските критериуми на дпмне . Време е ваквото селективно и дискриминирачко владеење да престане. Државата и градот се на народот! После 15 октомври, доаѓа нова одговорна и во функција на народот локална власт што ќе придонесе за решавање на проблемите на граѓаните и подобрување на животот на грѓаните на Прилеп.