Хуманитарна акција „Дарувај од срце”

daruvajodsrce 13Под мотото „Дарувај од срце” изминативе неколку денови Форумот на жени при ОО СДСМ Прилеп, организираше хуманитарна активност наменета за собирање топла облека и обувки за нашите сограѓани, кои се социјално најзагрозени.
Жално е што може да се констатира, дека во нашата Општина се повеќе се зголемува бројот на лица кои се погодени од сиромаштијата до тој степен, да и облеката им претставува потреба што неможат да си ја дозволат, посебно во овој зимски период.


Навистина сум воодушевена од позитивниот одзив на членовите и поддржувачите на СДСМ, кои секогаш кога било потребно ја покажувале својата солидарност со оние кои немаат, но исто така сме од срце благодарни и на граѓаните на Општина Прилеп, кои донираа, ја покажаа својата хуманост и заедно собравме поголема количина облека и обувки. 
Одлучивме пакетите со топла облека и обувки, да ги доставиме во подрачната организација на Црвениот Крст, како институција која секојдневно е во непосреден контакт со граѓаните од најсиромашните социјални категории. Сметаме дека на овој начин, покрај директната помош за нашите сограѓани, ќе дадеме и свој придонес за успешното функционирање на Црвениот Крст во Општина Прилеп.