sdsmlsРеакција на прес на ДПМНЕ од 28.11.2012

Почитувани,
Врвот на лицемерието на градоначалникот Марјан Ристески и пратениците од ДПМНЕ, Димитар Стевананџија и Ана Лашкоска се покажа пред неколку денови со нивното појавување на средбата со бранителите, а од друга страна токму тие ги амнестираа хашките случаи и гласаа за ослободување на оние кои крвнички ги убија прилепските бранители.
Ниту бранителите, ниту граѓаните на Прилеп нема да им го заборават и простат овој срамен и предавнички чин !
Во 2001та кога на државата и беше најтешко, фирмите на кои е целосно или делумно сопственик Хари Локвенец и кои 20 години опстојуваат, одвоија милионски суми на средства како воен данок за Република Македонија.
Денес истите тие фирми го покажуваат патриотизмот на дело и вработуваат повеќе прилепски бранители, кои ДПМНЕ свесно ги заборави.
А што се однесува до патриотизмот на ДПМНЕ, исто така го докажаа на дело, кога пред неколку денови кукавички избегаа и ја напуштија државата во моментите кога беше обвиена со албански знамиња.

СО ПОЧИТ:
СДСМ ПРИЛЕП
28.11.2012