hari akademija ls 01 

Хари Локвенец на присуство на тридневниот семинар за „Менаџирање со општините и политичка комуникација на локално ниво„ во организација на Прогрес институтот каде учествуваат кандидатите за градоначалници од СДСМ и коалицијата Сојуз за иднината.Семинарот предвидено е да се реализира во периодот 09-11 неомври, 2012г. кој што започна со отворена дискусија во врска со процесот на децентрализацијата и искуствата од водењето на општините. Согласно агендата, втората ден се говореше за интеграциите и можностите на единиците на локалната самоуправа. Потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски се обрати за програмските ориентации на СДСМ и локалниот економски развој меѓу можностите и потребите. На крајот од денот средба со кандидатите за градоначалници имаше и Претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски , по чие што излагање беше отворена дискусија. На крајот се одржа работилница за учесниците во врска со јавниот настап, која ќе ја води експертот за нови медиуми, Бојан Кордалов.

{gallery}2012/noemvri/akadls{/gallery}