Груевски во Прилеп пречекан со „Шутка не ти бега Никола“

Млади активисти од Социјалдемократската младина на Прилеп, денес му приредија „достоен и заслужен“ пречек на Никола Груевски во Прилеп со транспарент „Шутка не ти бега Никола #ЗатворЗаКриминалците“.
Додека Груевски со возилата поминуваше покрај транспарентот, на разглас беа емитувани дел од „бомбите“ каде Никола Груевски и Миле Јанакиески договараат провизија во милиони евра, од кинеската компанија која го градеше автопатот.
Сите кои се огрешиле пред законот и краделе од парите на народот, ќе завршат таму каде што им е местото, во затвор! Никој повеќе не се плаши од заканите и уцените на фамилијата. Доаѓа слободата. Доаѓаат промените.