Груевски и Коњановски да им се извинат на тутунарите!

pres0711Дејан Тошески — Претседател на надзорен одбор на ОО СДСМ Прилеп, тутунопроизводител

Почитувани,

СДСМ, следејќи ги состојбите на терен, благовремено предупреди дека проектот предвремен откуп на тутун, ќе заврши со тотално фијаско! Завчерашните изјави на нашиот сопартиец и претседател на здружението на тутунари-Данчо Милески, дека раниот откуп на тутун целосно потфрлил, се уште една потврда за тоа!
Наспроти ваквите изјави, пред само десетина денови министерот за земјоделие Димоски, тврдеше и свесно манипулираше дека раниот откуп се одвивал добро, со што ги доведе во заблуда производителите на тутун, и внесе дополнителен хаос во откупот.


Премиерот Груевски и заменик министерот за земјоделие Коњановски, треба веднаш да им се извинат на тутуно-производителите за откупените 1,2 милиони килограми, што е едвај 23% од 5,5 милиони килограми тутун, колку што лажно ветуваа да се откупат со овој проект . Патем, постигнатата просечна цена од 150 ден.по килограм тутун, е далеку под ветените 200 ден. и во никој случај не ги покрива трошоците на земјоделците.
Господо од ДПМНЕ, целосно го осиромашивте македонскиот земјоделец! Вие, со вашето недомаќинско работење, дозволивте во изминативе 8 години, цените на: нафтата, електричната енергија, огревот, храната, минералните ѓубрива и другите животни трошоци, да поскапат за 100%.
За споредба, ако во 2006 година килограм тутун се откупуваше просечно по 150 ден., сега во 2013 година за да земјоделецот ги постигне истиот стандард и заработка како тогаш, тутунот треба да се откупува минумум по 300 ден. за килограм. Тутунарите ја знаат оваа математика, свесни се дека ДПМНЕ „едно дава, а две им зема”, и покрај фалената субвенција од 1евро по килограм, тие се посиромашни од претходно.
Имајќи го во предвид сето ова, ќе повториме, СДСМ се залага за повисоки субвенции од сегашните, и за навремено исплаќање на истите.
Почитувани сограѓани,
Заради непланското издавање дозволи за количините на засаден тутун, од страна на министерството за земјоделие, уште еднаш, упатуваме апел до владата на ДПМНЕ:
Веднаш да изготви план за откуп на вишокот произведен тутун, за кој производителите немаат договори, а компаниите немаат капацитет да го откупат, и со тоа власта да спречи пропаѓање на маката на тутунарите.
Ви благодарам