sdsmprilep1Реакција на соопштение од ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,
Наместо прилепските пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, да му се извинат на прилепчани што гласаа против законот за помош на стечајците, нивната партија продолжува да се заканува и да шири клевети и невистини за претседателот на ОО СДСМ-Прилеп.
За Ваша информација, Микрон не е приватизиран од страна на Сашо Велески- како што во повеќе наврати клеветите, туку е продаден на меѓународен јавен тендер на најповолен странски понудувач. МИКРОН влезе во загубари кога на чело на тогашниот Управен Одбор стоеа неспособни кадри на ВМРО-ДПМНЕ кои во целост го уништија, а потоа отиде во стечај и ликвидација.
За ваквите клевети и невистини, кои неколку пати во јавност ги кажуваат портпаролите и функционери на ВМРО-ДПМНЕ, наскоро ќе си добијат кривични пријави за клевета.
Што се однесува пак за МИКРОН, како и ликвидацијата на повеќето фирми од Прилеп и Македонија, да Ве потсетиме дека тоа го направи токму Никола Груевски, кој со личен потпис на ФЕСЕЛ 2 аранжманот остави над 30 илјади стечајци на улица.
ОО СДСМ Прилеп