Почитувани,

Заврши времето кога полицијата беше ВМРО-МВРО и никогаш нема да се повтори, колку и да го посакуваат тоа Христијан Мицкоски и криминалната ВМРО-ДПМНЕ.

Спрегата помеѓу полицијата и криминалците од претходната власт на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, е разбиена.

Нема повеќе повластени лица, нема повеќе функционери кои се над законот. Секој што ги прекршил законите и ја злоупотребил функцијата, одговара пред законите.

Полицијата денес работи професионално, одговорно, независно и пред се’ во заштитата на законот и безбедноста на граѓаните.

Денешните тенденциозни и злонамерни изјави на криминалната ВМРО-ДПМНЕ за работата на ПС – Прилеп, се всушност тези за тоа како функционираше полицијата во нивно време.

Факт е дека најмал број на на регистрирани кривични дела имало во 2018 година, односно 671. Тоа е намалување на криминалитетот во градот за повеќе од 30%, споредено со времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Полицијата експресно го реши случајот со грабежот на златара во Прилеп, а двајца од петмината сторители беа приведени и предадени на обвинителството, додека за останатите три лица кои се од Р.Србија се поднесени кривични пријави.

Решен е и грабежот на продавницата на улица „Кеј 1. Мај“ при што сторителот е лишен од слобода и му е изречен 30 дневен притвор.

Затоа, ВМРО-ДПМНЕ  наместо да шири дезинформации, треба да се извини на граѓаните на Прилеп за се’ што се случуваше во 12 годишното криминално владеење.

Граѓаните се безбедни, ја поддржуваат работата на Министерството за внатрешни работи во Владата предводена од СДСМ, а таа поддршка ќе ја изразат и на следните претседателски избори.

 

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ-Прилеп