Граѓаните не го поддржуваат насилството што го поттикнува ВМРО-ДПМНЕ

Валентин Божиноски – Секретар на ОО на СДСМ Прилеп

Почитувани,

Натписите за физички линч на народни избраници, со коишто е испишана  канцеларијата на пратениците на СДСМ, се резултат на политичкото насилство што го поттикнува криминалната ВМРО-ДПМНЕ.

Испишаните повици за убиство на народни претставници, избрани на легални и легитимни избори, на коишто е потпишана самата ВМРО, само ги потврдува информациите дека оваа партија под плаштот на лажен патриотизам се обидува да испровоцира тешки инциденти со несогледливи последици за демократските процеси во државата.

Организираните закани врз пратениците, врз нивните семејства и домови, се исто така дел од ваквото насилно сценарио, за кое лесно може да се заклучи кој стои во позадина.

Но, ВМРО-ДПМНЕ мора да има предвид дека заканите, сеењето омраза и повиците за јавен линч, се кривични дела за кои пред законот одговараат и поттикнувачите и извршителите.

Партијата којашто во рацете на Груевски и фамилијата, 12 години ги тероризираше сопствените граѓани, уништуваше човечки судбини и семејства, спроведе грабеж од невидени размери, мора да смогне сили и вистински да се реформира.

Граѓаните нема да бидат заложници на криминалците, кои поттикнуваат протести, поделби и инциденти, со надеж дека на тој начин ќе спречат расчистување со 12 годишното криминално и коруптивно трошење на парите од граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ мора да го напушти концептот на поделби, конфликт и омраза.

Граѓаните го поразија таквиот концепт и избраа еднакво општество, рамноправност и соживот.

СДСМ нема да дозволи деструктивните сили во општеството да ја загрозат европската иднина на Република Македонија, ниту пак безбедноста на граѓаните и пратениците.

 

Со почит,

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп