Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ – партијата симбол за криминал и корпуција, која во 12 години ја наметна најголемата сиромаштија, а во исто време си изгради луксузен партиски дворец и создаде партиска тајкунска елита, да зборува дека ќе донесела подобра иднина, е дрско и безобразно потценување на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Петар Ристески нема што да им понудат на граѓаните, освен враќање на криминалните и погубни политики на нивниот ментор Груевски со кои безмилосно ја уништуваше Македонија.

СДСМ и граѓаните нема да дозволат Мицковски и Груевски да ја повлечат државата назад. Македонија чекори напред, гради иднина за сите граѓани, ги решава внатрешните проблеми и создава пријателства со соседите и европските земји.

Македонскиот идентитет е целосно зачуван. Со Договорот Македонците се нарекуваат како Македонци насекаде во светот и во сите сојузи и европски институции. Македонскиот јазик е потврден како официјален јазик во сите употреби, без фусноти и било какви додавки. Конечно, со државничките политики на СДСМ, се отвораат вратите на најмоќните сојузи НАТО и Европската Унија.

Економијата е сериозно придвижена. Само во 2018 година влегоа рекордни 625 милиони евра странски инвестиции, а со напредокот во евроинтеграциите ќе расте бројот на инвеститори. Просечната плата порасна за 7.5%, а стапката на невработеност од 21,9 отсто колку што изнесуваше во последниот квартал на 2017, се намали на 19.4 за истиот период во 2018.

Растат земјоделските субвенции и се исплаќаат навреме. Обезбедени се 424 грантови за младите земјоделци од по 10.000 евра за да започнат сопствен агро-бизнис. Се воведува и младинската гаранција со која годинава се опфаќаат 9.500 млади лица од државата.

Заради сето ова на следните избори граѓаните ќе ги поразат политиките на лаги, лицемерие и лажен патриотизам Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, а посебно затоа што на истата деструктивна матрица припаѓа и Сиљановска која наутро зборува едно, а попладне друго.

Граѓаните го избираат Стево Пендаровски, Претседател кој ќе води напред кон интеграција во ЕУ и НАТО.

 

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп