Градоначалникот Ристески да се напие од матната вода што ја пијат прилепчани

Почитувани,
Изминативе денови при екстремно високи температури, голем дел од граѓаните на општина Прилеп во своите домови добиваат заматена и нечиста вода за пиење.
Го повикуваме градоначалникот Марјан Ристески да испие барем една чаша од водата и со тоа лично да потврди дека водата што деновиве ја пијат граѓаните е безбедна, како што тврди прилепски водовод.

Истовремено, го повикуваме директорот на Водовод, Сашо Николоски, јавно да го покаже документот од анализата со кој се тврди дека водата одговара на правилникот за питка вода.
Ако е водата безбедна, зошто во исто време Водовод излегува со мерка – водата пред конзумирање да се преврива 10 минути?
Ваквиот однос на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е скандалозен и неодговорен.
Најмалку што може да направи директорот на Водовод, е веднаш да си поднесе неотповиклива оставка поради несопобноста да го реши проблемот со водата за пиење! Никој нема право да си поигрува со здравјето на граѓаните!
Граѓаните се изложени на дополнителен трошок и масовно купуваат флаширана вода, заради негрижата на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е резултатот од 12 годишното неодговорно работење на градоначалникот Ристески и неговите директори кои наместо за интересите на граѓаните, се грижат единствено за личните и партиските интереси.
По изборите на 15-ти Октомври, во Прилеп доаѓа нова одговорна власт на чело со СДСМ. Процесот на реформи и ослободување на институциите продолжува и на локално ниво. Прилеп ќе добие одговорна, чесна и домаќинска локална власт што ќе работи во интерес на граѓаните.