Градоначалникот Јованоски и неговиот тим работат врз база на принципите на неселективност, независност и професионалност

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што институциите повеќе не работат за интересите на Никола Груевски, туку во служба на граѓаните и нивните потреби.

Заврши системот на злоупотреба на институциите во приватни и партиски цели, непотизмот, селективноста и привилегираноста на поединци, коишто беа одлика на криминалното и коруптивно владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Наспроти ова, градоначалникот Јованоски и неговиот тим работат врз база на принципите на неселективност, независност и професионалност.

Затоа, денес сите институции, вклучително и новата локална власт предводена од градоначалникот Илија Јованоски, навремено излегуваат во пресрет на потребите на граѓаните и ги решаваат нивните проблеми со засилено темпо.

Со почит!

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп