Градоначалникот да престане да бега од седниците за буџет

vlcsnap 7158 06 01 23h39m23s407Изјава – Илија Јованоски, Координатор на советничка група на СДСМ во Совет на општина Прилеп

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите
Денес, советничката група на Социјалдемократскиот сојуз и партнерите, ја напуштија седницата на Совет на општина Прилеп, од едноставна причина што денес како и обично, кога треба на дневен ред треба да бидат точките кои ги застапува градоначалникот, односно усвојување, или ребаланс на буџетот на општина Прилеп, истиот и денес не беше присутен.


Од тие причини ние денес ќе ја напуштиме оваа седница, се’ додека градоначалникот не биде присутен за овие точки од седницата на Совет на општина Прилеп. Градоначалникот има должност да присуствува на сите седниците, а камоли на овие седници на кои се усвојува буџетот на општина Прилеп, а дотолку повеќе што денес на дневен ред се усвојува точката за безбедносната ситуација и информација за безбедноста во градот. Тоа е посебна точка за која вреди да се дискутира, да се коментира и да се дебатира, затоа што има доста причини за нарушената безбедност на градот, а за жал градоначалникот како ништо да не го интересира. Градоначалникот доаѓа повремено кога нема потреба, а кога се точките на дневен ред и кога задолжително треба да биде присутен, тој не доаѓа.
Уште еднаш, сакам да повторам, никогаш повеќе нема да присуствуваме на седница кога има точки на дневниот ред кој ги предлага градоначалникот, а на која тој не е присутен.
Благодарам

Медиуми: Бидејќи се врати на седница градоначалникот, дали и вие ќе се вратите?
Одговор: Точките поминаа. Тој 45 минути каснеше, што е недостојно и недолично. Не’ омаловажува не знам по кој пат. Јас не знам како советниците од позицијата имаат храброст, да останат, да го чекаат и да изгласаат нешто за што не е присутен, а ги троши парите на граѓаните. Мислам дека секогаш градоначалникот треба да биде присутен на овие седници.
Медиуми: Значи на оваа седница нема да се вратите?
Одговор: На оваа седница нема да се вратиме сигурно.