Почитувани претставници на медимите,

Утре,28 октомври недела,цела Македонија го крева свотој глас против бедата и сиромаштијата.Народот го крева својот глас за подобра и посветла иднина.
Почитувани сограѓани Ве повикуваме, утре со гордо крената глава,во еден глас да му кажеме едно големо НЕ на Никола Груевски и на неговиот нем послушник Марјан Ристески.
Заради тоа што ветија илјадници нови работниместа, а од Прилеп направија град рекордер по сиромаштија со над 40 % невработени граѓани.
Заради тоа што ветија над 50 фабрики во индустриските зони, а во 8 години не видовме ниту една инвестиција, ниту една новоотворена фабрика или капацитет.
Заради тоа што, Марјан Ристески во два мандати потроши над 140мил Евра. народни пари само на паркови и фонтани, а младите масовно го напуштат Прилеп.
Заради тоа што под маската на патриотизмот, функционерите на ДПМНЕ дебело се офајдија со нови куќи, коли и станови, додека народот мизерува и гладува.
Заради тоа што криминалот, наместените тендери со неколку фирми станаа заштитен знак за тимот на Марјан Ристески.
Почитувани прилепчани,
Заради сето ова, придружете ни се, во што поголем број, со организиран превоз во 14.30од пред нашите простории да се упатиме кон Скопје на големиот протестен митинг.

Ви благодарам.