Ги враќаме институциите и украдените пари во рацете на народот

Хари Локвенец – Кандидат за пратеник во И.Е. 4 од СДСМ

Почитувани,

Криминалната рака на Никола Груевски ги зароби државните институции. Досега, наместо интересот на граѓаните, институциите го штитеа криминалот на власта. После 11-ти декември, целата држава ќе ја впрегнеме во служба на граѓаните.

Нема да има отпуштања во јавната администрација. Ниту еден човек што е вработен во администрацијата не треба да стравува за своето работно место, освен оние, кои го прекршиле законот. Администрацијата ќе биде сервис на граѓаните, а не партиска испостава на владејачката партија и резервоар за таканаречени сигурни гласачи.

Клучните институции ќе работат во две смени, од 08 до 20 часот, за да може граѓаните во секое време да ги завршат потребните работи. Ќе има контрола над власта и правда за сите. Функционерите нема повеќе да се луксузираат со народните пари, за свои лични цели.

Ќе го продолжиме мандатот на СЈО.

Гарантираме целосен реизбор на сите судии во државата. Пресудите ќе ги пишуваат судиите, а не партиски штабови. По примерот на земјите од Европската Унија, ќе донесеме закон за запленување на криминално стекнатиот имот, вклучувајќи и корупција и организиран криминал. Криминално стекнатиот имот и украдените државни пари, ќе ги вратиме на народот!

Секој потрошен денар од буџетот ќе биде на увид на граѓаните. Криењето на јавниот долг ќе биде кривично дело. Ја враќаме безбедноста на граѓаните. Го враќаме маалскиот полицаец, на кого граѓаните можат да му се обратат во секое време. Ќе го вратиме и достоинството на Армијата на Република Македонија и на војниците кои ќе имаат услови за работа според врвните НАТО стандарди.

Градиме една Македонија во која сите ќе бидат еднакви, сигурни, безбедни.

Гласањето за број 4, е глас за живот во Македонија.