DSCN0800 CopyПочитувани присутни,

Денес со нас се нашите пријатели и партиски другари од регионалниот парламент во Саксонија-Анхалт во Германија. Ве молам да ги поздравиме: Јурген Бат, Ралф Бергман, Андреас Штепун, Надине Хампел, Силке Шиндлер и доктор Торалф Шлеиц.

Во јануари бев кај нив во Германија. Имав успешна посета. Саксонија-Анхалт е една од водечките покраини во Германија по производство на енергија од обновливи извори. Прават струја и топлинска енергија од земјоделски производи, од ветар и од сонце. Секое семејство добива евтина струја и греење. Тоа е лидерски модел за 21 век. Тоа е успешна политика. Тоа е нашата европска иднина.

Ги посетив нивните енергетски капацитети, нивните топлани и фабрики. Имам визија и желба нивното знаење и искуство да го примениме во Прилеп. Затоа се тие тука денес со нас. Да ни го пренесат своето знаење и искуство. Да ја поддржат нашата борба за подобар Прилеп, економски силен и прогресивен. Тука се бидејќи веруваат оти ние сме новата надеж за Прилеп.

Нашите потреби за евтина енергија се големи. Имаме над 40 проценти невработеност, скапа струја и скапо греење. Евтината енергија е неопходна за силен економски развој. Евтината енергија е потребна за развој на стопанството. Евтината енергија е потреба за секое домаќинство. А сонце и земјоделски производи имаме во изобилие.

Со германското искуство и со нашите капацитети знаеме и можеме Прилеп да го направиме да биде економски силна и развиена општина. Да создадеме услови за нови работни места. Да создадеме иднина за младите.

Сега се бориме за да ја вратиме демократијата во Македонија. А ќе дојде ден кога нашите заложби за Прилеп ќе ги направиме реалност. Тоа ви го ветувам најискрено.

Уште еднаш им благодарам на нашите германски пријатели за присуството.

{gallery}2013/januari/depp{/gallery}