sdsmprilep1Одговор на Прес од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

Господо од ВМРО-ДПМНЕ,
Очаен е Вашиот денешен обид, со празни зборови да го задскриете фијаското и бламажата која Ви се случи вчера. Доста го потценувате сопствениот народ!
Вчера прилепчани не излегоја на митингот на ВМРО-ДПМНЕ, со што испратија црвен картон и јасен сигнал до власта и Вашиот кандидат за Претседател Иванов, дека во Прилеп нема што да барате!
Ниту со насила довлечкните автобуси со партиска војска од други градови, не успеавте да го покриете срамот и дебаклот. Ниту плоштадот го наполнивте, ниту пак универзалната сала, што јасно се гледа од следните објавени слики.

Ниското ниво и политичката некултура, која Вие и Вашиот коалиционен партнер Амди Бајам ја презентиравте, кажува каква валкана и негативна кампања имате намера да водите. Впрочем, Вашата ментална матрица налага само плукање и омаловажување, за што граѓаните ќе ве казнат на следните избори!
Македонија заслужува Претседател, а не полтрон и партиски послушник!
Македонија го заслужува Стево Пендаровски.

Со почит,
ОО СДСМ Прилеп