Европратеникот Јенс Нилсон гостин во Прилеп 13.10.2012

 

Ви Благодарам многу за доброто представување, Ви благодарам на поканата,
чест и задоволство ми е да бидам тука најпрво како европратеник, но и како поранешен градоначалник на Остерсунд кој што е побратимски град со Прилеп.
Имам четири пораки за вас, првата порака ми е регионот од каде што доаѓам, каде што бев и претседател на тој регион на Социјалдемократите, тие даваат голема подршка на Социјалдемократите во Македонија и во Прилеп.
Исто така имам порака од Социјалдемократите во Европскиот парламент кои ви посакауваат да станете се подобра и поквалитетна партија со поголемо членство и со повеќе избрани градоначалници.
Затоа што борбата за правда, солидарност мора да бидат присутни секој ден и насекаде низ светот. Борбата против корупцијата, борбата против сиромаштијата, борбата за работа се најбитните нешта за секое општество.
Го прочитав извештајот од страна на Прогрес институтот Олоф-Палме кој што имаат препораки за престојната работа тука во Македонија. Една од нив е да се направи подобар нацрт закон против мобингот на работното место, затоа што тоа треба да се искорени. И не само законот да биде изгласан во парламентот, туку тој треба да биде применет и на локално ниво.
Иако не сум на официјална мисија од страна на Европскиот парламент, туку доаѓам само како претставник од Шведската Социјалистичка партија, сепак имам да дадам неколку коментари на извештајот од Европската комисија. Европската комисија прави листа на тоа што се случува во Македонија, на тоа што треба да биде подобрено пред да се стартува со преговорите за членство.
Тој извештај пристигна пред два-три дена и сега нашиот парламент ќе разговара за околу тоа и ќе донесе резолуција. Јас не сум директно вклучен во подготвувањето на таа резолуција, бидеќи сум вклучен во друга комисија за регионална политика, но имам пријатели и колеги кои работат на тоа.
Во тој извештај би сакал да нагласам едно нешто што е навистина голем проблем. Кога комисијата наведува во извештајот дека корупцијата во Македонија е сеуште сериозен проблем, тоа и навистина е. Тоа е едно од нештата кои навстина мора да ги подобрете во Македонија пред да ги започнете преговорите.
Сега можете да поставувате прашање.
Новинарско прашање:
Како евро пратеник кои се неговите лични залагање да го добие она Македонија што го заслужува, препорака за датум на преговори со уставното име Република Македонија?
Одговор:
Моите лични залагања се да ги започнете преговорите и мислам дека тоа е дел од мислењето на парламентот. Мислам дека притисокот од 26 земји членки према Грција ќе биде навистина добар.
Значи мислам дека тој проблем ќе биде решен.