sdsmprilep1Реакција на прес од ДПМНЕ од 19.03.2013 

 

Господо од ДПМНЕ,

До кога со вашите манипулации ќе ги потценувате и навредувате прилепчани? Зарем мислите дека прилепчани не паметат што ветуваше Ристески пред 4 години?

Марјан Ристески, во 2009 вети дека до крајот на неговиот втор мандат, ќе никнат 37 нови фабрики со илјадници нови работни места во слободната зона „Алинци“.  Не само што се покажа дека безсрамно лажете, туку сега измислувате нови слободни зони. Разберете, граѓаните повеќе не ви веруваат.

Каде се денес фабриките? Каде се новите вработувања? Се сликавте, пресковте ленти и се така оставивте. Не направивте ниту основна инфраструктура. Слободната зона „Алинци“ денес е иста како и во 2009 – празна ливада. Барем да ја заградевте.

На 24 март прилепчани ќе кажат едно големо НЕ за вашите злодела со кои направивте рекордна невработеност во Прилеп, од над 41 %, град на беда и сиромаштија, со најмалку инвестиции во Р.Македонија.

Прилепчани се одлучија за Хари Локвенец- успешен и докажан човек со реални проекти за нови работни места. Човек кој има тим и програма, за достоинствен живот на прилепчани. Проектите за гасифициран Прилеп и 500 микроакумулации гарантираат најмалку 5,000 нови работни места. Затоа Прилеп ќе заокружи 42! За нова надеж и промени.  

{gallery}2013/mart/alinci{/gallery}