Кети Смилеска – Пратеник

Почитувани,

Христијан Мицкоски единаесетти ден бега и не одговара пред граѓаните на прашања што се од јавен интерес.

Дали Христијан Мицкоски во една позната дискотека, а потоа и во белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ се сретнал со еден од осомничените во случајот „Рекет“?

Дали посегнал по парите на еден од осомничените во предемти на СЈО?

Мицкоски мора да се одважи, да излезе и да одговори пред граѓаните.

Јавноста заслужува одговори на овие прашања.

Очигледно Мицкоски нема намера ниту да се огради од неговиот ментор и криминалец во бегство, Никола Груевски, па упорно ги продолжува неговите политики.

Единствена грижа на Мицкоски е да ја спречи правдата и да го зашити криминалот на Никола Груевски.

Затоа наместо да оди во Будимпешта и да се залага за враќање на сваровски судството, да излезе и да ги каже одговорите кои јавноста од него ги очекува.

 

Центар за комуникации со јавност

ОО СДСМ Прилеп