sdsmprilep1Одговор на реакција од ДПМНЕ – СДСМ Прилеп, 05.01.2013

Господа од ДПМНЕ,
Во недостиг на реализирани проекти, со цел да ја покриете вашата безидејност и криминалот на кој моментално патрон е ДПМНЕ, продолжувате со валкани и црни сценарија.
Дувлото на режимот, скривалиштето на криминалците кои ги раскрчмуваат народните пари е жолтата куќа на ДПМНЕ. Токму таму е изворот на диктатурата од каде доаѓаат наредбите за пари да се тепа сопствен народ, да се хушка брат против брат, само за фунционерите на ДПМНЕ да имаат прилика за луксузирање и трошење на пари од народот.
Народот се освести! Народот тргна и запирање нема! Тендерашите ќе паднат! Режимот ќе биде скршен! Отпорот ќе продолжи! Слободата и демократијата повтортно ќе ги вратиме во државата! Македонија над се!

Со почит

СДСМ Прилеп