ДПМНЕ лажно се грижи за земјоделците!

sdsmprilep1Реакција на соопштение од ДПМНЕ – 09.10.2013

 

 

После денешната промашена писмена реакција на ДПМНЕ, на тутунопроизводителите им е целосно јасно дека оваа власт нема никаков план за откуп на огромните количини тутун од годинешнава реколта, кои ќе останат неоткупени и да скапуваат. Толку од лажната грижа на ДПМНЕ за тутунопроизводителите.
СДСМ како одговорна партија навреме укажува и предупредува за негрижата на власт на ДПМНЕ, се со цел да тутунарите да го предадат целиот тутун и да добијат повисоки цени по класи и субвенции за истиот. ДПМНЕ не смее повторно да ги доведе до ситуација тутунарите од улица да си ги бараат нивните со мака зарабатотени пари, како во 2011 год. Тутунарите не го заслужуваат тоа.
СДСМ секогаш се грижел за стандардот на населението. Никогаш не дозволил македонскиот граѓанин да плаќа енормно високи цени на горива, огрев, струја, храна, комуналии, даноци на имот, казни од УЈП, минерални ѓубрива, заштитни средства, семенски материјал и т.н За разлика од сега кога земјоделецот е доведен да ги чека субвенциите од државата со кои ги подмирува своите основни човечки потреби, наместо тие пари да ги инвестира за до подобри своето земјоделско производство.
Господа од Дпмне, народот го осиромашивте до мера што не може да ги покрие ниту основните потреби за нормален достоинствен живот, веќе не помагаат и толку фалените субвенции, за кои и впрочем земате кредити кои идните генерации повеќекратно ќе ги плаќаат.

Со почит,
Центар за Комуникации со Јавност
ОО СДСМ Прилеп