sdsmlsРеакција на прес на ДПМНЕ од 29.11.2012

Почитувани,
Повеќе од евидентен е хаосот и паниката во редовите на ДПМНЕ и кај Марјан Ристески. Манипулираат и ги злоупотребуваат сите категории граѓани , денес бранители, вчера роми, пред тоа земјоделци итн.
Неможат да го сокријат стравот од кадарот кој СДСМ го понуди во името на Хари Локвенец, како успешен и докажан човек, почитуван во Прилеп и Македонија .
Градоначалниче Марјан Ристески, уште еднаш ќе ви повториме фирмите на Локвенец денес на дело го покажуваат патриотозмот и вработуваат неколку прилепски бранители- кои вие свесно ги заборавивте и пониживте. Впрочем институциите се во ваши раце, ако ова не е така, слободно проверете и соопштете на прилепската јавност.
Од друга страна, може слободно да споредиме колку данок на оваа држава плаќаат приватните фирми на Локвенец кои 20 години опстојуваат, и колку данок плаќа Марјан Ристески кој цел живот заработува и егзистира на грбот на државата како државен службеник.
За последно господине Ристески, доколку гласноговорницте на вашата валкана и гнасна кампања, се дрзнат уште еднаш да шират лаги пред јавноста, дека Хари нема вработено бранители во неговите приватни фирми, за тоа ќе сносат кривични пријави пред надлежниот суд за клевети и навреди.

СО ПОЧИТ:
СДСМ ПРИЛЕП
29.11.2012