gragjanski parlament sdsm prilep 21Почитувани,
И вечерва над 4000 прилепчани, храбро, гордо и достоинствено излегоа на улиците и во еден глас го порачаа дека овај диктаторски режим мора да падне. Прилепчани повторно како и многу пати во историјата ќе се изборат за слободна и демократска Македонија. Земја во која власта ќе се плаши од народот, а не народот од власта.
На ова отворено собрание се обратија: Сашо Демшоски – долгогодишен новинар, истражувач и колумнист, сопственик на порталот Охрид Скај; Александар Гаврилоски – претставник од невладиниот сектор; Димитар Саботкоски- претставник на прилепските дуќанџии; Незакет Исмаилоска – социјален случај која наместо социјална помош, доби ќотек од обезбедувањето во Центарот за Социјални Грижи – Прилеп; Христијан Илиоски – поранешен македонски репрезантивец во ракомет.

  

{gallery}2013/januari/osgp3{/gallery}