Почитувани претставници на медиумите,

Преку вас сакаме да се обратиме на граѓаните од Општина Прилеп. Во тек е 52-та седница на Советот на Општина Прилеп со дневен ред од скоро 40 точки. Би сакал одма непосредно во текот на расправата да ги информирам граѓаните за некој поважни работи кој што се случија во советот за кој што можеме да констатираме, за жал на опозициските политички партии во советот на Општина Прилеп нивните предлози не наидоа на повикување од мнозинството а тоа се предлози кој што се максимално во интерес на граѓаните на Општина Прилеп без разлика од која националност се.
Имено во дневниот ред имаше предлог на одлуки за доделување на средства за помош при изградба на верските објекти двете цркви и џамијата во Тризла.Нашиот предлог беше да оваа одлука се промени од предложената сума од милион денари поединечно за сите 3 верски објекти да се промени во висина од три милиони денари поединечно за сите објекти.
Се одлучивме на еден ваков чекор со цел да ја убрзаме работата за завршување на овие верски објекти во интерес на граѓаните, а исто така и за граѓаните што живеат во населбата Тризла 2 конечно да имаат верски објект каде што ќе можат своите религиозни убедувања да си ги остваруваат.
Исто така оваа наша одлука за покачување на средствата за оваа намена не е вака случајна. Во текот на расправата ќе се дискутира и за една одлука за пренамена на средства од буџетот . Имено, буџетот има средства за вакви донации за изградба на верски објекти согласно одлуката за измена на распоред на средства, средства од висина на повеќе од 3.500.000 денари кој што не се искористиле за изградба и одржување на други градби односно за вертикална сигнализација. Во најмала рака и благоречено се расфрлаат по различен ставки и кој што се тотално непродуктивни и незначајни за граѓаните на Општина Прилеп.Ќе кажам неколку од нив : 1.200.000 за копирање и печатење во Општината,канцелариски материјали 300.000 денари, 500.000 денари за репрезентација по Хотели и ресторани,купување опрема за урбана опрема и за некои лизгалишта кој што и самите не знаеме ни каде ќе бидат.
Значи ако Општината има пари и милионски суми да се расфрла за вакви ќе се согласиме непродуктивни трошоци, има пари и конечно да ги заврши овие верски објекти кој што се започнати за градби.
Исто така во текот на утврдување на дневниот ред предлогот на еден советник од опозициските партии каде што побара дел од дел од просториите на помалите заедници да се пренаменат за потребите на центарот за лица со интелектуална попреченост „Порака”.Да се пренаменат за нивно користење за дневен престој и згрижување на овие лица со оваа интелектуална попреченост не наидовме на разбирање кај мнозинството од ДПМНЕ во советот.
Имено, тие остануваат на ставот дека голем дел од тие простории по месните заедници треба да се продадат. Да се продадат на 3 месеци пред избори , а средствата кој ќе ги обезбедат од тие продажби и самите незнаат каде во моментот би се потрошиле.Значи една иницијатива за пренамена на тие простори во месните урбани единици да се дадат на оваа група на загрозени граѓани,нашиот предлог со таква иницијатива не помина за жал тесно партиските интереси и нивната слепа послушност преовладува.И овие објекти ќе се продадат за некаква цена наместо да бидат во служба на граѓаните.
Значи овие се 3-4 работи кој што ние ги предложивме во Советот, додека мнозинството незнаеме од кој причини не ги усвои.

Ви благодарам