nov ginis marjan risteski sdsm prilep3Валентин Божиноски – Претседател на СДММ-Прилеп

Почитувани претставници на медиумите,

Викендов прилепчани ја решија дилемата како е можно градоначалникот Марјан Ристески да потрошил 1 милион и 700 илјади денари за фотокопирање. Тоа се 28,000 евра, што според пазарните цени значи дека секој ден копирал по 22, 135 листови.
Граѓаните гласаа за четири опции, дали ова е:
1) нов Гинисов рекорд – дневно копирање на 22, 135 страни за 28, 000 евра?
2) За рубриката „Верувале или не”?
3) Дали ова е за категоријата „Лаги со опашки”?
4) Или пак за категоријата „криминал и корупција”?
Најголем дел од прилепчани сметаат дека ова е нов Гинисов рекорд во Прилеп, иако голем дел гласаа и за категоријата „криминал и корупција”.
Тука сме денес на градоначалникот Ристески, да му ја врачиме плакетата за новиот Гинисов рекорд.
Воедно сакаме влегувањето во општинската зграда да го искористиме и лично да го прашаме градоначалникот, зошто го распродава општинскиот имот граден од парите на прилепчани ?
Зошто се продаваат месните домови во Варош, Гоце Делчев како домот Спиро Забрчанец? Што се крие зад оваа продажба?
Дали е ова резултат на досегашното недомаќинско работење, или е тотална распродажба пред се поизвесниот пораз на следните локални избори.
Впрочем, зошто сеуште не се знае кој ќе биде кандидат за градоначаник од ВМРО-ДПМНЕ на следните избори? Дали се бара ново жртвено јагне да ја сноси одговорноста?

Ви благодариме за вниманието!

nov ginis marjan risteski sdsm prilep2nov ginis marjan risteski sdsm prilep1