Почитувани,
Криминалот и расипништво, во време кога народот мизерува, се единствените нешта по кои ќе останат запаметени директорите на ЈКП-ја, кои ги постави Марјан Ристески.
Почитувани сограѓани, денес продолжуваме онаму каде што застанавме вчера со факти и аргументи да ги разобличуваме неспособните директори од тимот на Марјан Ристески.
Покрај оние 250 илјади денари за поправка на возилото, кои директорот на Комуналец Златко Ристески-Џекчето ги фрли во бунар, во оваа прилика ќе изнесеме нови аргументи и докази за неговото неодговорно работење.
Во услови кога претприајтието по разни основи на вработените им должи повеќе од 45 мил.ден, кога кон државата има долг од над 30 милиони ден за неплатен ДДВ и хипотекарен кредит во висина од 5,5 милиони ден. во Стопанска банка Битола, директорот продолжува со безмилосно трошење на парите од граѓаните
Имено, од следните договори за јавни набавки, гледаме дека директорот Ристески и оваа година како и претходната, повторно потрошил повеќе од 6 мил.ден. за ситен инвентар и потрошен материјал. Нормално тоа оди преку за него добро познатата фирма “Елктро Точила Инжинеринг”
Врв на безобразлукот, претставува одлуката на УО на Кoмуналец, со која се покрива сметката за телефон во висина од 20 илјади денари, која ја направил Златко Ристески-Џекчето.
Директоре Ристески, како не Ви е срам граѓаните да ги плаќаат вашите огромни телефонски сметки .
За крај, почитувани од ДПМНЕ, со нетрпение го очекуваме моментот, да ги надминете внатрепартиските фракции, да го кажете кандидатот за градоначалник и да прифатите ТВ дуел со Хари Локвенец.

Ви благодарам