Почитувани граѓани,

ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Ристески со својот братучед, Златко Ристески, досега требаше да си поднесат оставки за сите направени злоупотреби.

Но, затоа што немаат совест, тие ќе мора да одговараат пред законот, за пропаста на ЈКП „Комуналец“ и самоволието што го спроведуваат веќе 12 години во ова Јавно претпријатие.

Директорот на Комуналец, Златко Ристески, ја избегнува исплатата на ДДВ. Ова јавно претпријатие има долг кон Управата за јавни приходи во висина од 25 милиони денари.

Иако примарната селекција за отпад не е завршена, Златко Ристески, пред 4-5 години набави линија за секундарна селекција за отпад во вредност од 15 милиони денари за која лажно ветија дека ќе почне со работа за 2 месеци.

Истата таа линија за селекција на отпад, лежи и рѓосува веќе 4 години во кругот на фабриката. Да работеше изминативе 4 години, парите инвестирани во истата, ќе беа повратени.

Сега Марјан Ристески, по којзнае кој пат, за ситни политички поени ја промовираа истата оваа линија, иако таа се уште лежи неискористена.

Братучедите Марјан Ристески и Златко Ристески за да си ја загарантираат својата позиција, и да си обезбедат само личен бенефит за овие 12 години, ЈКП Комуналец го претворија во партиска подружница на ДПМНЕ. За трипати го зголемија бројот на вработени, иако обемот на работа не е променет.

Златко Ристески, само во последниве 7-8 години, има потрошено околу 20 милиони денари адвокатски и судски трошоци од тужби од неговите вработени, кои го тужат затоа што противзаконски им ги крати работничките права, што им се загарантирани со Закон за работни односи и колективниот договор.

Иако Управниот одбор на ЈКП Комуналец носи одлуки со кои го задолжува директорот да ги исплати сите овие надоместоци од плата, кои им следуваат на вработените, Златко Ристески, го избегнува тоа и предизвикува судски спорови што редовно ги губи, несовесно трошејќи ги парите на граѓаните.

Златко Ристески, веднаш да одговори, дали во својата фиока чува добиени судски пресуди за неплатени сметки од граѓани, во износ од околу 19 милиони денари?

Почитувани граѓани, со сето ова, братучедите Марјан и Златко Ристески, се обидуваат да си ги зачуваат своите добро платени позиции, на сметка на граѓаните. Впрочем, тие водат сметка само за лични интереси.

Новата локална власт со идниот градоначалник Илија Јованоски, ќе работи транспарентно и одговорно, чесно и домаќински. Зашто, вие граѓаните мора да знаете каде се троши секој ваш денар.

Затоа на 15 октомври, заокружете го бројот 19, за да ставиме крај на сите злоупотреби и да го вратиме животот во Прилеп.

Ви благодарам.