Директорите од ВМРО-ДПМНЕ го затворија прилепски Микрон!

Почитувани,

После 12 години криминално и коруптивно владеење, со кое го уништија прилепското стопанство и затворија стотици приватни бизниси, ВМРО-ДПМНЕ нема образ да зборува за економија.

Уште помалку може да зборува за прилепски „Микрон“, бидејќи за затворањето на оваа прилепска компанија се одговорни директорите назначени токму од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ потроши 200 милиони евра општински пари, а Прилеп се уште тоне во сиромаштија.

Марјан Ристески и ВМРО-ДПМНЕ никогаш повеќе нема да бидат власт во Прилеп.

Никој повеќе не може да ги држи во заложништво граѓаните на Прилеп.

Доаѓа време кога за својата иднина ќе одлучат самите граѓани, а не мафијата!