Обидите за провокации не можат да ги спречат демократските промени што носат живот за сите во Македонија.

Пријавен е до надлежните органи уште еден инцидент во Прилеп, во населбата Бончејца, каде што исто како и во првиот случај, со камен е оштетено надворешно стакло. Станува збор за простории на месен штаб на СДСМ.

Очекуваме надлежните органи да го расветлат случајот.

Порачуваме дека Македонија ќе биде праведно и правично општество за сите, тоа е незапирлив процес.