Демолиран месен штаб на СДСМ во Прилеп

Очекуваме полицијата да го расветли инцидентот во населбата Варош во Прилеп, каде што е каменуван локалниот штаб на СДСМ.

Искршени се надворешни стакла на штабот. Според нашите информации, кон штабот било фрлано со камења во раните утрински часови, после полноќ.

Случајот е пријавен во полиција.

Порачуваме дека ваквите провокации не можат да ги спречат демократските промени што носат живот за сите во Македонија, како што избраа граѓаните. Ќе живееме во праведно и правично општество каде секој кој го нарушува мирот на граѓаните ќе мора да одговара.